| четврток, 6 декември 2018 |

Во итната медицинска помош ќе се вработат 181 лице

brza pomos

Во текот на месецов ќе излезе огласот за пополнување на 181 испразнето место во итната медицинска помош во сите градови  низ Македонија. Ќе се примаат 80 возачи, 76 доктори и 25 медицински сестри, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Донесовме одлука за целосно покривање на испразнетите места во итната помош во сите градови низ Македонија и очекувам огласот да биде објавен во наредните две до три недели и да се пополнат сите места, рече премиерот Груевски во одговор на новинарско прашање по засадувањето дрвце кај салата „Јане Сандански“ во Скопје во рамки на акцијата „Ден на дрвото“.

Тој посочи дека слични акции се правени и во минатото и нагласи дека во последниот период значително е проширена мрежата на итната медицинска помош во градови во кои таа досега не постоеше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top