Ким Кардашијан се смета себеси за жена со најмногу самодоверба во шоу бизнисот. Сепак, таа признава дека секогаш не било така.
Во интервју за новиот број на магазинот „Ел“, Ким зборувала за проблемите со самодовербата кои ги имала кога била помлада.
“Кога имав 13 години, мојот покоен татко ми напиша писмо. Не бев задоволна со своето тело, се развив многу рано. Секоја вечер седев во када и плачев, се молев градите да престанат да ми растат. Тој тогаш ми кажа дека немам тело како останатите девојчиња, дека подоцна ќе привлекувам многу мажи, но дека најважна работа е тоа што сум прекрасно девојче и дека мора да ја разберам својата вредност“. Таа изјавила дека морале да пројдат години за да ги сфати овие зборови.
Ким исто така изјавила „ми требаше многу време да научам да бидам задоволна со своето тело и да изградам самодоверба која ја имам денес. Растев во период кога идеалот за убавината беше тело на супермоделите, високо, слабо, како Синди Крафорд. Никој не ме погледнуваше. Убаво е што успеав да ги поместам границите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.