Претставничкиот дом во САД усвои Закон за забрана на социјална помош за нацисти со кој е пополнета „дупка“ во закони кои овозможуваа мал број нацисти од Втората светска војна да уживаат бенифиции и покрај тоа што многу други нацисти кои побегнале во САД се депортирани или изведени пред суд.
– Иако бројот на нацисти кои примаа социјална помош е мал дозволувањето да продолжат такви исплати би била навреда за жртвите на нацистите, изјави Сем Џонсон, републикански конгресмен, претседавач со панелот на Претставничкиот дом кој надгледува социјална безбедност.
– Претставничкиот дом направи важен чекор да ја исправи таа грешка, додаде Џонсон.
За усвојување на тој закон гласаа сите 420 членови на Претставничкиот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.