| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Кадриу ја облече Тамара во невестински фустан

tamara nevesta

Во снежен новогодишен амбиент македонската дизајнерка Мила Кадриу ја претстави најновата колекција наречена „Кристална кугла“ (Crystal ball) вчеравечер во „Сити хол“ центарот во Скопје.

Дефилето на моделите од модната агенција „Подиум“ го заврши пејачката Тамара Тодевска која се појави во нетипичен невестински фустан, воедно единствен невестински во новата колекција на Кадриу.

tamara nevesta1

За разлика од досегашните раскошни тоалети и венчаници кои станаа заштитен знак на Кадриу, колекцијата составена од 22 модни креации со потписот на „MCouture by Mila Kadriu“ овој пат ја карактеризираат коктел фустани, палта, комбинезони и панталони за актуелната сезона.

mila kadriu

mila kadriu1

mila kadriu2

Во рамките на неодамнешниот десетти Моден викенд Скопје, на изложбата на отворено наречена „Арт ограда“ беше поставено пано со една од креациите од „Кристална кугла“ за есен/зима 2014/2015 година, како најава за презентација на целата колекција.

mila kadriu3

mila kadriu4

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top