| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ се скарале на концертот во Скопје

Иако пред неколку дена ексклузивен гостин на концертот на Тони Цетински во спортската сала „Борис Трајковски“ беше Жељко Јоксимовиќ, наводно двајцата пејачи не биле во добри односи уште пред почетокот на концертот, пишува „Телеграф“.

Според порталот, има неколку причини за нивната кавга. Една од нив е тоа што договорот пред концертот бил Јоксимовиќ да испее две или три песни покрај нивниот дует „Заблуда“, кој Тони и Жељко го снимија пред повеќе од еден месец. Меѓутоа, српскиот пејач веднаш по нивната заедничка песна се симна од бината, па хрватскиот пејач неочекувано мораше да го продолжи концертот.

– Уште пред почетокот на концертот Цетински и Јоксимовиќ не беа во најдобри односи. По завршувањето на концертот беше договорено забавата да продолжи во еден познат скопски ресторан, а на која требаше да присуствува и Жељко, меѓутоа тој одби да дојде со образложение дека ако Цетински се наоѓа таму, не сакал и тој да се појави – изјави извор за „Телеграф“ кој инсистирал на анонимност.

Повеќе на „Телеграф“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top