| четврток, 6 декември 2018 |

Стабилна е состојбата со реките и со водостоите

Состојбата со водостоите и со реките е стабилна, нема несакани појави, ниту проблеми со критичните места, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Умерено зголемено ниво на водата, според Дирекцијата, е забележано  во Преспанско Езеро, покачен е водостојот на реката Црна кај Бучин, но без опасност од излевање.

Дирекцијата соопшти дека покачен водостој, без опасност од излевање, има и кај вештачките акумулации Трстеник – 1, Борино -1 и 3 и Крушевско Езеро. Нивото на Охридско Езеро е 693,24 сантиметри, а максималното ниво е 693.75 сантиметри, односно половина метар под максималната точка.

Во кумановскиот регион минатата ноќ паднале 5,7 литри на квадратен метар дожд, што според ДЗС не претставува поголема опасност за подигање на водостојот на реките.

– Потенцијална опасност претставуваат браните „Глажња“ (капацитет 25.000.000 м3) и „Липково“, но и низ градот Куманово, до спојувањето со Којнарска Река. Тие се блиску до прелив, па затоа Водостопанство „Кумановско и Липковски Поле“ врши контролирано испуштање на водата, но истовремено и Општина Куманово врши прочистување на критичните точки на реката, што негативно влијае врз можниот проток на испуштање на водата. Подрачното одделение во Куманово со години укажува на испуштање на браните, усно и писмено до „Водостопанство Куманово“ – соопшти ДЗС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top