| четврток, 6 декември 2018 |

Мадона: Дрогата ме приближуваше до Бог

madona1

Поп кралицата Мадона е творец на кој возраста неможе да му поставува ограничувања, а како што самата таа постојано вели, за неа нема невозможни нешта.

Мадона во интервју за списанието „Interview“,  овој пат не зборува за убавина или за провокациите на сцената и пред камерите, туку се фокусира на дрогата,  како неизбежен дел од светот на познатите.

– Луѓето земаат наркотици за да се приближат до Бога. Кога ќе земеш дрога, твојот ум преминува во други ниво.

Јас велам: Дрогата ти дава илузија, илузија дека се приближуваш до Господ, додека те убиваат, сподели Мадона.

 – Сум ги пробала сите видови наркотици. Откако ќе земев дрога, пиев со тони вода и бев опседнат од идејата да си го прочистам организмот. Си велев: Ок, завршив, но продолжував, призна ѕвездата.

– Бев опседната од смртта и од идејата дека незнаеш што има по неа. Па сакав да живеам како за последно, да вкусам од сè, додава пејачката.

6678

За време на креативната кариера 56 годишната ѕвезда, често била прогласувана за скандалозна, провокативна и премногу дрска. Таа могу пати се фотографираше гола, мастурбираше на сцената, излегуваше со значително помлади мажи од себе и не се срамеше да го искаже јавно своето мислење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top