| четврток, 6 декември 2018 |

Десет држави во кои жената живее најлошо

Освен во образованието, големи се разликите во писменоста меѓу мажот и жената. Во Мали, на пример, писмени се само 25 отсто од жените во однос на 43 отсто од мажите. Во Чад се писмени само 28 отсто, наспротив 47 отсто мажи. Разликите во писменоста меѓу мажот и жената се важни не само поради нееднаквоста туку у поради развојот на економијата во земјата

955583_burka-islam-zena-ilustracne

Ниту една земја на светот не ги елиминира целосно разликите меѓу мажот и жената и нивната положба во општеството, известува Светскиот економски конгрес. Сепак, во некои земји, на жената и е посебно тешко. Земјите со најизразена нееднаквост меѓу половите не им овозможуваат на жените еднакви права дури и во образованието.

Освен во образованието, големи се разликите во писменоста меѓу мажот и жената. Во Мали, на пример, писмени се само 25 отсто од жените во однос на 43 отсто од мажите. Во Чад се писмени само 28 отсто, наспротив 47 отсто мажи. Разликите во писменоста меѓу мажот и жената се важни не само поради нееднаквоста туку у поради развојот на економијата во земјата.

Во секоја од десетте жени каде што живее жената лошо, мажите заземаат најмалку 80 отсто од местата во парламентот. Што се однесува на вработеноста, најмалку трипати мажите се повеќе вработени од жените. Сирија е најекстрмен случај – дури 76 отсто од вработените се мажи, а само 14 отсто се жени.

Освен тоа, жените кои имаат работа најчесто заработуваат помалку од мажите. Во Иран жените во просек заработуваат 5.000 долари годишно, а мажите 26 илјади долари.

Според Светскиот економски форум 2014, во овие земји жената живее најтешко:

10. Јемен

9. Јордан

8. Либан

7. Брег на слонова коска

6. Иран

5. Мали

4. Сирија

3. Чад

2. Пакистан

1. Јемен

Во Јемен нема жени во парлементот, мал број од нив се вработени, а само половина знаат да читаат. Детските бракови се голем проблем во Јемен. Според податоците од 2006 година, 52 отсто од девојчињата се мажи до 18 година, а 14 отсто биле во брак од 15 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top