| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер, светското првенство во фудбал и најновиот „Ајфон“ се најбараните теми на „Јаху“

ffdfb181afed1759f67e0b7c6061de8f

Вниманието на јавноста во 2014 година беше фокусирано кон вестите за светското фудбалско првенство во Бразил, здравствената состојба на седумкратниот светски шампион од „Формула 1“ Михаел Шумахер и излегувањето на новиот Ајфон 6.

Тоа го покажуваат податоците од истражувањето на пребарувачот „Јаху“.

Во годишниот извештај на пребарувач, кој ги анализира секојдневните потреби на корисниците, утврдено е дека граѓаните на Велика Британија се интересирале најмногу од вестите околу несреќата со малезискиот Боинг во Украина и судењето на Оскар Писториус.

Од „Јаху“ изготвија и листа на мании, во која на чело се новостите поврзани со светското фудбалско, Ајфон 6, цртани филмови „Замрзнато Кралство“, како и акцијата „Ice Bucket Challenge“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top