Колку гумите се важни за безбедноста на секој автомобил, веројатно не е потребно да се спомнува. Знаеме и дека сите гуми имаат свој век и дека треба да се сменат кога длабочината на профилот ќе падне под четири милиметри.
Куповната моќ на граѓаните е главниот проблем во овој случај поради што многумина се решаваат да ризикуваат и да возат со истрошени гуми, а дел пак за да поминат поевтино се одлучуваат да купат половни гуми за кои мислат дека се добро сочувани. Но, тоа е уште поопасна варијанта со оглед на фактот дека многу лесно се лажира староста и истрошеноста на гумата со метод на браздење. Иако на прв поглед ви изгледа дека гумите се речиси нови и безбедни за употреба, вистината е сосема поинаква затоа што пневматиците стануваат многу опасни поради можноста да пукнат.
Погледнете го видеото како изгледа браздењето, и внимавајте од кого купувате гуми:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Внимавајте: Оваа ознака малкумина ја погледнуваат кога купуваат гуми за автомобил
-
Зошто гумите на автомобилите треба да бидат црни, а не било каква друга боја
-
СДСМ не може подолу: Во Прилеп дупнати гуми на над 60 автомобили на поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)
-
Проверете дали сте скапо прелажани: Излижани гуми се продаваат како нови зимски (ВИДЕО)