Повеќе од 13.000 лица за три дена демонстративно ја напуштиле финската национална црква, по изјавата на нејзиниот прв човек дека е израдуван од фактот дека геј браковите во оваа земја наскоро би можеле да бидат легализирани.
Надбискупот на финската протестантска црква, Кари Макинен, изјави дека се „израдувал од дното на својата душа“ кога во петокот финскиот Парламент ја одобри народната петиција што го истапка патот кон донесување закон за легализирање на истополови бракови.
Високо рангираниот црковен претставник, Јука Кескитало, меѓутоа, изјави дека гласањето „не го менува ставот на црквата за бракот“, како заедница на маж и жена.
Од петокот до неделата повеќе од 13.000 лица ја напуштија црквата во знак на протест. Тоа значи дека тие веќе нема да ги плаќаат црковните такси кои за литеранската црква ги собира државата.
– Изјавата на надбискупот беше наменета за либералните членови на црквата, но таа се сврте против црквата- рече претседателот на Лигата на слободни мислители Петри Карисма.
Само во неделата црквата ја напуштија околу 5.200 лица, што е најголемиот број за еден ден во изминатите четири години.
Околу 4,1 милиони Финци или 75 отсто од населението, се протестанти и припаѓаат на лутеранската црква, додека во 1970-тите години овој процент изнесуваше повеќе од 90.
Финска во 2002 година ги призна истополовите врски. Доколку се усвои законот за склучување истополови бракови, сепак, не се очекува тој во сила да стапи пред 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.