Русија идната година би можела да изведе повеќе од 4.000 воени вежби, а во најголемата, која би се одржала на лето, би учествувале „десетина илјади“ луѓе.
– Вежбите ќе бидат одржани во текот на летниот период, симултано на неколку локации во Русија и во странство – најави Јарослав Рошупкин, портпарол на рускиот Централен воен дистрикт.
Тој истакна дека на вежбите ќе биде тестирано и ново оружје.
Во исто време, Министерството за одбрана на Белорусија, објави дека вооружените сили на Белорусија и на Русија во септември 2015 година на руска територија ќе одржат воена вежба под има „Заеднички штит“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.