| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Бидете тоа што сте и оставете нѐ да бидеме Македонци

Интервју со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, објавено во 17-от број на неделникот „Република“ (28 декември 2012)

Последните инциденти не мо­же да вли­јаат до­бро. За мно­гу­ми­на се чи­ни при­лич­но не­зре­ло. Се све­ду­ва на игра за по­ли­тич­ки про­фит без не­ка­ква пла­тфор­ма. Ште­та­та од кал­ку­лант­ство оди на сме­тка на Ма­ке­до­ни­ја – вели шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

 

МАКЕДОНИЈА Е ЕДИНИЦА МЕРКА ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО

Ка­ко мо­же да се на­те­ра Гр­ци­ја да пре­го­ва­ра ви­стин­ски за­тоа што очиг­лед­но е де­ка та­му не­ма на­ме­ра да се раз­го­ва­ра? Мо­же ли да се оче­ку­ва Гр­ци­ја да ја приз­нае 20-го­диш­на­та гре­шка и да се пов­ле­че од цр­ве­ни­те ли­нии?

Попоски: Од гле­ди­ште на раз­ум, грч­ки ин­те­рес е да се при­до­бие Ма­ке­до­ни­ја. По­ли­тич­ки, тоа би по­драз­би­ра­ло раз­го­вор. Зна­чи гра­де­ње до­вер­ба, ко­ја, очиг­лед­но, ја не­ма­ло. Вклу­чи­тел­но и ди­ја­лог за спо­рот, наг­ла­су­вам, со цел тој да се над­ми­не.
Не са­кам на­вра­ќа­ња, но пред 20 го­ди­ни спо­рот е соз­да­ден опор­ту­но, со цел да не­ма Ма­ке­до­ни­ја, со Ма­ке­дон­ци во неа, а чи­ја­што де­фи­ни­ци­ја не би би­ла це­лос­но грч­ка. Ал­тер­на­ти­ва­та е по­чи­ту­ва­ње на пра­во­то на дру­ги­от, не­за­гро­зу­ва­ње и де­мо­но­по­ли­зи­ра­ње на чув­ства­та. Ова е по­треб­но за да се ос­ло­бо­ди од сте­ги­те на по­гре­шен при­стап. Тоа, пра­ктич­но, би зна­че­ло: Доз­во­ли ми да би­дам тоа што сум и оста­ни тоа што са­каш да би­деш.
Во­ед­но, не сум ире­ден­тист. Мис­лам де­ка е фер. Во спро­тив­но, се ста­ну­ва роб на сопс­тве­ни­те гре­шки. Од ас­пект на мо­тив, за Гр­ци­ја, ве­ро­јат­но, ни­ко­гаш по­ра­но не мо­же­ло да се би­де по­мал­ку мо­ти­ви­ран откол­ку де­нес.

Зна­чи ли не­што тоа што Ни­миц во нај­но­ва­та рун­да раз­го­во­ри пр­во оди во Ати­на, а по­тоа во Скоп­је, што до­се­га не бе­ше пра­кти­ка. Да­ли, мо­же­би, Гр­ци­ја е се­га на по­тег?
ПопоскиНе, не­ма клуч­но зна­че­ње за раз­вр­ска­та.

Ка­ко вли­ја­ат вна­треш­на­та по­ли­ти­ка и тен­зи­и­те во зем­ја­ва на ме­ѓу­на­род­на­та по­зи­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја?
ПопоскиНе мо­же да вли­јае до­бро. За мно­гу­ми­на се чи­ни при­лич­но не­зре­ло. Се све­ду­ва на игра за по­ли­тич­ки про­фит без не­ка­ква пла­тфор­ма. Ште­та­та од кал­ку­лант­ство оди на сме­тка на Ма­ке­до­ни­ја. Вло­гот е го­лем, а про­фи­тот е за тие што не са­ка­ат да оди­ме на­пред. Сре­ќа што све­ста кај лу­ѓе­то е из­диг­на­та за овој 20-го­ди­шен де­мо­крат­ски раз­вој, па мис­лам де­ка не се нав­ле­ку­ва­ат тол­ку лес­но. Тоа ќе ни по­мог­не. Тур­бу­лен­ции на по­ли­тич­ки план има на­се­ка­де, па и во ЕУ. Пре­суд­на е све­ста на лу­ѓе­то и нив­на­та оце­на за тоа што е ко­рис­но, а што штет­но од­не­су­ва­ње.

 

Нај­сре­ќен ќе би­дам да се по­ка­же ви­стин­ска жел­ба за прид­ви­жу­ва­ње на ме­ста­та што се за­сег­на­ти ди­рект­но. За не­ко­го во Ати­на тоа, ве­ро­јат­но, би би­ло по­ли­тич­ки бе­ско­рис­но. Во Скоп­је, пак, тоа е при­мат.

 

Кол­ку при­ја­те­ли мо­же Ма­ке­до­ни­ја ма­кси­мум да до­бие во ЕУ? Ако до ла­ни беа не­кол­ку, се­га се де­се­ти­на. Има­ме ли по­тен­ци­јал да ги убе­ди­ме си­те де­ка прав­да­та е на на­ша стра­на?
Попоски: Не пра­вам по­дел­ба на при­ја­те­ли и на не­при­ја­те­ли во ЕУ. Тоа е на­ше се­мејс­тво. Од­го­во­рот кај си­те е де­ка под­др­жу­ва­ат на­ше членс­тво. Клу­чот е што се под­го­тве­ни да на­пра­ват за тоа да се слу­чи што по­ско­ро. Оваа го­ди­на огром­но мно­зинс­тво по­ка­жа под­го­тве­ност да ги со­о­чи ар­гу­мен­ти­те „за“ или „про­тив“ ус­ло­ву­ва­ње над­вор од ме­ѓу­на­род­но­то пра­во. Тоа е на­ша при­до­би­вка.

 

ОДНОСИТЕ СО РУСИЈА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТЦЕНУВААТ

Има ли ал­тер­на­ти­ва за Ма­ке­до­ни­ја во гло­бал­ни рам­ки? Мо­же­ме ли да си доз­во­ли­ме ка­ко Tур­ци­ја, на при­мер, да се стре­ми­ме кон ЕУ, а па­ра­лел­но со грч­ка­та бло­ка­да да се раз­ви­ва­ме ба­рај­ќи но­ви па­за­ри, са­ма­та Тур­ци­ја, Ин­ди­ја, Ру­си­ја?
ПопоскиТоа не се по­ли­ња што ме­ѓу­себ­но се иск­лу­чу­ва­ат. На­ша­та стра­те­ги­ска за­лож­ба е евро­ат­лант­ска. Тоа оди ра­ка под ра­ка со гло­бал­но­то отво­ра­ње пре­ку кон­та­кти и раз­ме­на со мно­гу­број­ни клуч­ни парт­не­ри. Ка­ко по­и­на­ку би про­мо­ви­ра­ле прос­пе­ри­тет со гло­ба­лен мир и ста­бил­ност?

Ќе ги про­ме­ни ли на­ши­те ге­о­стра­те­ги­ски ин­те­ре­си вле­зот на ру­ски­от гас во зем­ја­ва во 2015 го­ди­на? Има ли про­стор за ко­мен­та­ри­те де­ка Ру­си­ја е мож­ни­от стра­те­ги­ски парт­нер до­кол­ку ЕУ упор­но про­дол­жи да го тр­пи грч­ко­то штет­но од­не­су­ва­ње?
ПопоскиРу­си­ја е стра­те­ги­ски парт­нер за ЕУ. Енер­ге­ти­ка­та е са­мо ед­на од об­ла­сти­те на со­ра­бо­тка од за­е­мен ин­те­рес. Са­ма­та ЕУ има де­сет стра­те­ги­ски парт­нерс­тва со од­дел­ни зем­ји, три со тра­ди­ци­о­нал­ни­те парт­не­ри на ЕУ (САД, Ка­на­да, Ја­по­ни­ја), че­ти­ри со зем­ји­те од БРИК (Бра­зил, Ру­си­ја, Ин­ди­ја и Ки­на), ка­ко и со Јуж­на Афри­ка, Ме­кси­ко и со Јуж­на Ко­ре­ја. Ние стре­меј­ќи се кон ЕУ, нор­мал­но е да би­де­ме дел од тоа што е стра­те­ги­ски ин­те­рес за ЕУ. От­та­му од­но­си­те со Ру­си­ја не тре­ба да се пот­це­ну­ва­ат, ту­ку да се не­гу­ва на­ше­то при­ја­телс­тво и отво­рен од­нос.

Ка­ко ќе се ре­ши проб­ле­мот со Бу­га­ри­ја? Што е зад­ни­на­та на бло­ка­да­та од Со­фи­ја – де­лов­ни ин­те­ре­си во Ма­ке­до­ни­ја на ви­со­ки бу­гар­ски по­ли­ти­ча­ри, обид да се до­би­јат вна­треш­ни по­ли­тич­ки по­е­ни со на­мет­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње или на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја на источ­ни­те со­се­ди да се по­ни­шти ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, ко­ја, спо­ред нив, не по­стои?
ПопоскиШто и да е при­чи­на, не мис­лам де­ка е во бу­гар­ски ин­те­рес да се гу­бат сим­па­ти­и­те во Ма­ке­до­ни­ја. Осо­бе­но не пре­ку про­мо­ви­ра­ње бло­ка­да ка­ко др­жав­на по­ли­ти­ка, отка­ко се здо­би­ло членс­тво. Бу­га­ри­ја има мож­ност да би­де по­зи­ти­вен про­мо­тор на ин­те­гра­ции на Бал­ка­нот. За­тоа и се слу­ша­ат раз­ум­ни гла­со­ви во зем­ја­та и над­вор. Не­ма да има по­себ­на ко­рист од фр­ла­ње ка­ме­ња, ни­ту, пак, ќе ја по­диг­не це­на­та кај дру­ги­те.
Ние има­ме од­го­вор­ност да им по­мог­не­ме да се изв­ле­чат од та­ква ста­пи­ца. За таа цел сед­ну­ва­ме со вол­ја за­ем­но да се приб­ли­жи­ме. Ра­бот­ни­те гру­пи ве­ќе имаа пр­ва сред­ба. Во ме­ѓу­вре­ме, од по­ли­ти­ча­ри­те за­ви­си ка­ква ќе би­де кли­ма­та. Из­бор­на­та кли­ма не по­ма­га, но од­го­вор­ност е на се­ко­го да ре­ши што ќе про­мо­ви­ра. Јас сум за тоа да не ги тру­е­ме лу­ѓе­то со омра­за, ту­ку да ги приб­ли­жи­ме и да ги пот­тик­ну­ва­ме да со­ра­бо­ту­ва­ат.

Nikola-poposki-3

Ка­ко ќе од­го­во­ри­те на оче­ку­ва­ња­та од зак­лу­чо­ци­те на европ­ски­от со­вет да се ин­тен­зи­ви­ра­ат пре­го­во­ри­те и да се по­до­брат до­бро­со­сед­ски­те од­но­си?
ПопоскиОбе­те ра­бо­ти се во на­ша ко­рист. Ни­кој не са­ка по­ве­ќе од нас да го над­ми­не­ме спо­рот. Кол­ку енер­ги­ја са­мо ни е од­зе­ме­на за по­ве­ќе од 20 го­ди­ни во тој про­цес… да го не­мав­ме, до се­га, ве­ро­јат­но, ќе имав­ме лан­си­ра­но са­те­лит во ор­би­та­та.
За до­бро­со­седс­тво, Ма­ке­до­ни­ја е еди­ни­ца ме­ра. Спо­ред при­ста­пот сме мар­ка во тоа што со се­ко­го при­ста­пу­ва­ме без зад­ни на­ме­ри. Ако до след­ни­от со­вет се ста­ви на ва­га што сѐ има­ме вло­же­но за до­бро­со­седс­тво, мис­лам де­ка мал­ку по­те­шко ќе би­де да се зат­скри­ва не­прин­ци­пи­ел­ност зад фра­зи. До­бар со­сед е тој што по­да­ва ра­ка и што по­чи­ту­ва. Ние има­ме ин­те­рес тоа да се из­ме­ри, по­крај тоа што се­кој со­вет на кра­јот це­ли да соз­да­де не­ко­ја урам­но­те­же­ност.

Ханс-Јир­ген За­хор­ка, гла­вен уред­ник на ма­га­зи­нот за над­во­реш­ни ра­бо­ти на ЕУ (European Union Foreign Affairs Journal) из­ја­ви де­ка по из­вес­но вре­ме ќе би­де по­ба­ра­но од Гр­ци­ја во ми­ни­стер­ски­от со­вет и во Европ­ски­от пар­ла­мент да го по­диг­не ве­то­то и де­ка таа е под оп­сер­ва­ци­ја. Тој пос­лед­ни­от из­ве­штај на Европ­ска­та ко­ми­си­ја за Ма­ке­до­ни­ја го тол­ку­ва ка­ко не­за­до­волс­тво од стра­на на ЕУ кон Гр­ци­ја.
ПопоскиНај­сре­ќен ќе би­дам да се по­ка­же ви­стин­ска жел­ба за прид­ви­жу­ва­ње на ме­ста­та што се за­сег­на­ти ди­рект­но. За не­ко­го во Ати­на тоа, ве­ро­јат­но, би би­ло по­ли­тич­ки бе­ско­рис­но. Во Скоп­је, пак, тоа е при­мат. Се­пак, са­мо во европ­ски кон­текст гле­дам зо­што од­не­су­ва­ње­то би се про­ме­ни­ло во дог­лед­но вре­ме. За­тоа охра­бру­ва зго­ле­ме­ни­от ин­те­рес во кру­го­ви­те на ЕУ.

Ка­ко е мож­но во си­те со­од­вет­ни ме­ѓу­на­род­ни ин­сти­ту­ции ка­де што се збо­ру­ва за чо­ве­ко­ви пра­ва и, осо­бе­но, за ко­ле­ктив­ни чо­ве­ко­ви пра­ва да се осу­ду­ва­ат и Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја за од­но­сот кон ма­ке­дон­ски­те мал­цинс­тва, а да не им фа­ли ни влак­но од гла­ва­та?
ПопоскиТоа се ор­га­ни­за­ции што не­ма­ат ин­стру­мен­ти на при­ну­да. Во не­кои сре­ди­ни по­стои пер­цеп­ци­ја де­ка кри­те­ри­у­ми­те ва­жат, глав­но, за тие над­вор. На­ша по­ли­ти­ка е да ги про­мо­ви­ра­ме пра­ва­та на си­те за­ед­ни­ци на­се­ка­де на Бал­ка­нот. Це­ни­ме де­ка се ра­бо­ти за ци­ви­ли­за­ци­ски при­до­би­вки. Мис­лам де­ка има мно­гу лу­ѓе што го де­лат ова мис­ле­ње.

Nikola-poposki-2Што пра­ви Ма­ке­до­ни­ја за сво­и­те со­на­род­ни­ци во ре­ги­о­нот, вклу­чи­тел­но и за Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја ка­де што со мер­ки од 19 век беа из­бро­ја­ни са­мо 5.000 на­шин­ци?
ПопоскиИ та­му се за­ла­га­ме за при­стап што е про­мо­ти­вен од ас­пект на за­ед­ни­ци­те. Тоа се мо­сто­ви што нѐ по­вр­зу­ва­ат. Што има по­о­бе­ди­ну­вач­ки од тоа да се по­чи­ту­ва­ат чув­ства­та на гра­ѓа­ни­те без раз­ли­ка ка­де жи­ве­ат… Зна­чај­но е си­те да би­дат по­чи­ту­ва­ни. Во де­лот на актив­но­сти, го­ди­на­ва ор­га­ни­зи­рав­ме лет­ни кам­по­ви за де­ца­та од со­седс­тво­то, пот­тик­нав­ме кул­тур­на со­ра­бо­тка и про­е­кти, го про­мо­ви­рав­ме изу­чу­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­от ја­зик пре­ку на­ста­ва и на ин­тер­нет. Па­ра­лел­но, Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја дос­лед­но ја спро­ве­ду­ва по­ве­ќе­го­диш­на­та про­гра­ма за до­де­лу­ва­ње сти­пен­дии за Ма­ке­дон­ци­те од поб­ли­ско­то и од по­ши­ро­ко­то со­седс­тво со цел нив­но сту­ди­ра­ње во Ма­ке­до­ни­ја и здо­би­ва­ње ви­со­ко обра­зо­ва­ние на мај­чин ма­ке­дон­ски ја­зик.

Зо­што и НА­ТО и ЕУ од­би­ва­ат да ја ле­ги­ти­ми­ра­ат пре­су­да­та од Хаг, а си­те нив­ни член­ки се член­ки и на ООН и има­ат об­вр­ска да ја по­чи­ту­ва­ат од­лу­ка­та на Су­дот на прав­да­та?
ПопоскиПре­су­да­та од Хаг кон­ста­ти­ра пре­кр­шу­ва­ње на ме­ѓу­на­род­но­то пра­во са­мо од стра­на на Гр­ци­ја. Таа е об­вр­зу­вач­ка и соз­да­ва оче­ку­ва­ње кон неа. Не се од­не­су­ва ди­рект­но на дру­ги член­ки во ме­ѓу­на­род­ни ор­га­ни­за­ции. Водс­тво­то во Ати­на, се чи­ни, не­ма не­ко­ја по­себ­на те­го­ба од кр­ше­ње на пра­во­то. На ин­тер­нет-стра­ни­ца­та на грч­ко­то МНР сѐ уште стои де­ка се оче­ку­ва пре­су­да од МСП… по­ве­ќе од ед­на го­ди­на по пре­су­да­та… До­бра илу­стра­ци­ја за од­но­сот. Се­пак, има лу­ѓе ту­ка, та­му и во све­тот што не сме­та­ат де­ка ин­сти­ту­ци­и­те на ООН слу­жат за иг­но­ри­ра­ње, а нив­ни­те пре­су­ди за бри­ше­ње прав. Ние гле­да­ме на тоа ка­ко на за­ед­нич­ка при­до­би­вка што тре­ба да ни го освет­ли па­тот во ид­ни­на. Тоа им го дол­жи­ме на грч­ки­те и на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни. Има мно­гу под­др­жу­ва­чи на ва­ков при­стап.

 

Ако до след­ни­от со­вет се ста­ви на ва­га што сѐ има­ме вло­же­но за до­бро­со­седс­тво, мис­лам де­ка мал­ку по­те­шко ќе би­де да се зат­скри­ва не­прин­ци­пи­ел­ност зад фра­зи

 

КО­ЛЕ­ГИ­ТЕ СЕ ЧУ­ДАТ

Ка­кви се при­ват­ни­те ре­ак­ции кај ва­ши­те ко­ле­ги што има­ат прин­ци­пи­е­лен од­нос кон ма­ке­дон­ска­та бло­ка­да?
ПопоскиНе­раз­би­ра­ње и чу­де­ње се нај­че­сти, во за­вис­ност од ка­де до­а­ѓа­ат. При­стап ка­де што мож­но­ста за бло­ки­ра­ње на со­се­дот е гла­вен адут, дол­го­роч­но, не е мно­гу по­пу­ла­рен.

Ка­ко ја оце­ну­ва­те ефе­ктив­но­ста на дип­ло­ма­ти­ја­та го­ди­на­ва. Мо­же­ше ли по­до­бро во ус­ло­ви на еко­ном­ска кри­за, ко­га про­ши­ру­ва­ње­то и Бал­ка­нот не се ве­ќе глав­ни те­ми на раз­го­вор ме­ѓу европ­ски­те ли­де­ри?
ПопоскиФи­нан­си­ски нај­си­ро­маш­на­та го­ди­на, ис­пол­не­та со вна­тре­е­вроп­ски не­мир, ве­ро­јат­но бе­ше ме­ѓу нај­ди­на­мич­ни­те дип­ло­мат­ски го­ди­ни за нас. Про­ши­ру­ва­ње­то не е ве­ќе нај­по­пу­лар­на те­ма. Во та­кви ус­ло­ви до­бив­ме по­све­те­ност и са­ти­сфак­ци­ја од за­лож­би­те на мно­гу­ми­на. Ние не сме на­вик­на­ле лес­но да по­стиг­не­ме не­што.

Грч­ки­от пре­ми­ер Са­ма­рас е из­бран за по­ли­ти­чар на го­ди­на­та од стра­на на гер­ман­ски­от дне­вен вес­ник „Хан­делсб­лат“ (Handelsblatt). Ќе му че­сти­та­те ли на грч­ки­от пре­ми­ер?
ПопоскиИскре­но, не бев упа­тен… Ве­ро­јат­но и би му че­сти­тал, но имај­ќи пред­вид де­ка из­бег­ну­ва сред­би со прет­став­ни­ци од Ма­ке­до­ни­ја и ко­га би се ја­ви­ла та­ква мож­ност, ве­ро­јат­но е де­ка че­сти­тка­та ќе да би­де прем­но­гу за­ста­ре­на.

Разговараше: Горан Момироски
Фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top