| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителството бара Шешељ да се врати во Хаг

Обвинителството на Хашкиот трибунал побарало денеска лидерот на српските радикали Војислав Шешељ да се врати назад во Хаг и да му се укине привремената слобода.

Во барањето обвинителството констатира дека Шешељ со своето однесување во Србија го „поткопал“ духот на одлуката за привремено ослободување, кое на сопствена иницијатива од „хуманитарни причини“ ја донесе судскиот совет на Хашкиот трибунал.

Обвинителството со тоа бара одлуката да биде повлечена и на Шешељ да му биде наложено да се врати во Хаг. А, дури потоа да се одржи расправа околу неговата здравствена состојба и условите под кои евентуално би можел повторно да биде ослободен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top