Еве колку ќе ве чини оваа сезона да скијате во Бугарија.
Дел од одморалиштата веќе ги најавија цените за скијачката сезона 2014-2015 година. Од денеска неофицијално, делумно, е почната ски-сезоната во Банско и отворени се дел од патеките и објектите. Веќе работи жичарницата, како и шестоседот до Коларски Пат. Сепак, на официјалниот веб-сајт на ски-центарот сѐ уште не се официјално објавени цените за користење на ски-патеките и објекти за оваа година. Според добро упатени извори, дневната ски-карта ќе чини околу 30 евра, колку што беше и минатата година. Официјалното отворањето на ски сезоната во Банско ќе биде на 13 декември.
Оваа година дневната карта за сите ски-лифтови во Боровец ќе чини околу 27 евра за возрасни и 17 евра за деца. За љубителите на адреналинот, ноќното возење ќе чини околу 11 евра. Сезоната и во Боровец, исто така, ќе биде отворена на 13 декември.
Во Пампорово ски-сезоната ќе биде отворена малку порано, на 6 декември. Дневните ски-карти ќе бидат со цена околу 27 евра за возрасни, а за деца околу 16 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.