Според извештајот на Светскиот економски форум (СЕФ), ниту една држава во светот, не го достигнала нивото на целосна рамноправност меѓу половите. Но додека во некои земји нееднаквост е поднослива, во други, жените живеат во услови на екстремна неправда, без пристап до образование, политички права и дури адекватни здравствени услуги.
Извештајот „Global Gender Gap Report“ на СЕФ,ја мери половата еднаквост во 142 земји во светот.
Според извештајот најлош е животот на жените во Јемен. Во Чад, на пример, само 55 % од девојките на училишна возраст, одат на училиште. Во Мали само 25% од жените се писмени, во однос на 43 % од мажите. Во Сирија работната сила се состои од 74% мажи и само 14 % жени.
Видете кои се 10 -те земји во кои животот на жените е тежок:
10. Мароко
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: 0.28
% жени меѓу вработените: 27%
Писменост (жени / мажи): 58% жени, 76 % мажи
% жени во парламентот: 17%
Вработените жени заработуваат во просек 3 133 долари годишно, наспроти 11 000 долари за мажите. 58 % од жените се неписмени.
9. Јордан
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: 0.18
% жени меѓу вработените: 16%
Писменост (жени и мажи): 97% жени и 98% мажи
% жени во парламентот: 12%
8. Либан
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: 0.27
% жени меѓу вработените: 26%
Писменост (жени и мажи): 86% од жените и 93 % од мажите
% жени во парламентот: 3% ,само 3% од пратениците се жени. Нема ниту една жена министер.
„Human Rights Watch“ алармира за високо ниво на семејно насилство над жените во оваа држава.
7. Брегот на Слоновата Коска
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: 0,49
% жени меѓу вработените: 53%
Писменост (жени и мажи): 30% за жените и 52% за мажите
% жени во парламентот: 9%
Само 56 % од девојките на возраст за основно училиште го посетуваат истото. Во повисоките класи процентот паѓа до 14 %.
6. Иран
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: 0.17
% жени меѓу вработените: 17% Писменост (жени и мажи): 79 % жени и 89% мажи
% жени во парламентот: 3%
Жените кои работат, заработуваат во просек 4 656 долари годишно, а мажите 26 644 долари.
5. Мали
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: 0.41
% жени меѓу вработените: 52%
Писменост (жени и мажи): 25% од жените и 43 % од мажите
% жени во парламентот: 10%
Просечната должина на животот на жените тука е меѓу најниските во светот, 48 години.
4. Сирија
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: нема податоци
% жени меѓу вработените: 14% Писменост (жени и мажи): 79 % од жените и 91 % од мажите
% жени во парламентот: 12%
3.Чад
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: 0.62
% жени меѓу вработените: 65% Писменост (жени и мажи): 28 % од жените и 47 % од мажите
% жени во парламентот: 15%
2. Пакистан
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: 0.18
% жени меѓу вработените: 25% Писменост (жени и мажи): 42% за жените и 67% за мажите
% жени во парламентот: 21%
Само 61 % од девојчињата на возраст за основно училиште го посетуваат истото. Гимназија посетуваат едвај 31 % од девојките на соодветната возраст.
1.Јемен
Сооднос на приходите на жени во однос на мажи: 0.28
% жени меѓу вработените: 26% Писменост (жени и мажи): 50% од жените и 83 % од мажите
% жени во парламентот: 0%
Само половина од жените во земјата можат да читаат, наспроти 83 % од мажите. Склучувањето бракови меѓу деца се голем проблем. Според „Human Rights Watch“ во 2006 година, околу 52 % од децата во Јемен, биле омажени пред да наполнат 18 години, а 14% биле омажени пред да наполнат 15 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.