| четврток, 6 декември 2018 |

Бракот на Бјонсе и на Џеј Зи медиумска измама

brakyt-na-bionse-i-djeij-zi-bil-mediijna-izmama-271024

Постојаните скандалозни откритија за односите на Бијонсе и на Џеј Зи излегоа на виделина. Според информациите, двајцата пејачи воопшто не се разбираат и нивниот брак, буквално, е медиумска измама. Бијонсе освен со неверствата на Џеј Зи, треба да излезе на крај и со неговите проблеми со дрогата. Упатените споделуваат дека поради целиот стрес од нејзиниот приватен живот, пејачката морала и самата да посегне по забранетите супстанции.

– Семејството им е империја, меѓу нив никогаш нема да има развод бидејќи ќе загубат премногу – издава нивни близок пријател. Веќе речиси половина година се слушаат озборувања дека Бијонсе очајно сака да се раздели од својот сопруг Џеј Зи. Досега семејството не ги коментирало проблемите и не престанува да се однесува како вљубена двојка пред камерите и обожавателите. Неодамна двајцата ја завршија и заедничката турнеја, што беше една од најпрофитабилните на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top