Авганистанската полиција во северната покраина Фариаб уби птица која на себе носеле антена, елетронски уред и експлозивна направа.
Полицијата станала сомничава кога ја приметила птицата чие природно место не е северната покраина, а долетала од правец на регионот познат по честите талибански напади.
– Еден од полицајците на птицата приметил антена и решил да пука. Птицата потоа експлодирала – изјави шефот на авганистанската полиција Абдул Наби Илхам.
– Ги собравме сите делови по експлозијата и најдовме ГПС и мала камера, вели Илхам. Тој додава дека ова е првпат авганистанската полиција да се соочи со ваков вид тероризам и претпоставува дека оваа птица била во некој вид шпионска мисија.
Користењето животни во терористички напади е невообичаено, но не и нечуено. Хамас летово за време на судирите во Газа ставиле експлозив на магаре и го испратиле кон израелски војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


