| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски повторно стартер, Парма тоне се подлабоко

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски како едеинствен наш фудбалер во Серија А повторно беше стартер во составот на Парма, клуб што тоне се подлабоко по новиот пораз од Палермо.

Ристовски играше до 78. минута, а неговиот клуб повторно загуби по 11. пат во 13 рунди во калчото. Палерно беше подобар ривал и победи со 2-1.

Фаворитите Милан и Фиорентина забележаа победи и останаа во горниот дел од табелата во финишот на првиот дел од шампионатот. Милан со головите на Менез славеше со 2-0 против Удинезе, а Фиорентина беше двојно поефикасна и со 4-0 го декласира Калјари. Фернадес на двапати и по еднаш Гомез и Квадрадо ја тресеа противничката мрежа.

На гости ефикасна беше и Џенова и со 3-0 ја декласира Чезена, додека без голови заврши мечот меѓу Емполи и Аталанта.

risto

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top