
– Веднаш го транспортиравме на скопската клиника поради дополнителните прегледи и снимања што треба да бидат направени – рече д-р Леов.
Се следи и здравствената состојба и на останатите двајца повредени велешани кои се лекуваат во велешката болница.- Денеска ќе им бидат направени дополнителни снимања. Назначена е компјутерска томографија на глава и врат на еден од нив – рече д-р Леов.
Најтешко повредениот учесник во несреќата, седумгодишното дете кое е брат на еден од мажите што се возеле во комбето „фолцваген шаран“ се бори за живот на скопскиот Ургентен центар. Полицијата и Јавен обвинител, по извршениот увид, ќе утврдуваат што се случило и ја предизвикало несреќата во која возилото излета од патот под Спомен костурницата на земјениот брег и падна дваесеттина метри долу на кружниот тек на влезот на Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


