| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кисела Вода засадени 2.500 зимзелени дрвца

дрво

Општина Кисела Вода засади 2.500 зимзелени дрвца во училиштата, градинките, месните и урбаните заедници во рамки на есенската акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Општинската прес-служба соопшти дека за жителите од Кисела Вода е организиран бесплатен автобуски превоз за „Денот на дрвото“, 3 декември до населеното место Миладиновци.

Автобусите ќе поаѓаат во 9 и во 11 часот од пред салата Расадник и кај Паркот на бранителите спроти поштата во Драчево.

За учениците во основните и средните училишта, поаѓањето е закажано во 9 часот и 30 минути, пред секое од училиштата.

Претстојната акција „Ден на дрвото“ се одвива под мотото „Стоп за катастрофите“, а среда, ќе биде неработен ден за сите граѓаните на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top