| четврток, 6 декември 2018 |

Недела е најнепопуларниот ден за секс

1-bojata-na-sobata-vlijae-kolku-chesto-imate-seks-wwwkafepauza.mk_

Различни студии откриваат најнеобични факти во врска со сексот, па така денес е познато кој е најдобар ден за секс, најдобро време па дури и најдобра временска прогноза.

Најчесто навечер им се препуштаме на страстите, па тогаш најголем дел од луѓето сакаат да уживаат во секс отколку наутро, покажало истражувањето направено од страна на магазинот  Journal of Circadian Rhythms, чија што цел била да се открие во кој дел од денот луѓето најмногу уживаат во сексот.

Според истражувањето најголем број луѓе сакаат секс пред спиење, односно меѓу 23 – 01 часот, односно тоа време се смета како „најнормално“ за секс. Исто така многу луѓе сметаат дека сексот е одличен за опуштање на телото и за добар сон.

Според резултатите од истражувањето, недела е најнепопуларен ден за секс, за разлика од петок и сабота, кога луѓето се најмногу расположени са љубовни игри. Исто така студијата открива дека водењето љубов е најчесто во лето и пролет, а поретко во зима.

Кога станува збор за временската прогноза, дождливото време е најпожелно за секс и љубовни игри. Дури 83 проценти од луѓето сметаат дека дождливите денови и ноќи се најпожелни за секс, затоа што и онака ништо друго не може да се прави. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top