| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт де Ниро специјален економски претставник на Антигва и Барбуд

Robert_De_Niro_by_mshirani

Премиерот на Антигва и Барбуда го именуваше американскиот актер Роберт де Ниро за специјален економски претставник на малата островска држава во источниот дел на Карипското Море.

Во соопштение на канцеларијата на Гастон Браун се наведува дека пред да биде именуван, Де Ниро потпишал меморандум за договор за инвестиција од 250 милиони долари во хотели во Барбуда.

Според локалните власти холивудската ѕвезда заедно со австралискиот бизнисмен Џејмс Паркер ќе помогнат за реновирање и проширување на поранешен хотел со пет ѕвезди.

Премиерот Браун изјави дека очекува договорот да биде потпишан до крајот на следниот месец, а изградбата на почне следната година.

Според Браун актерот Робер де Ниро како специјален економски претставник на земјата ќе помогне да се привлечат повеќе инвестиции во Ангигва и Барбуда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top