| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски насочен кон политичка реторика, Трајановски кон проекти за граѓаните

zernovski-na-mostot-oko

Критика, обвинување, негодување,… ова е македонската пракса. Нема да погледнам во сопствениот двор, ама ќе гледам во туѓиот. Нема да го средам својот двор, ама ќе критикувам како е среден дворот на комшијата. Тоа е можеби и мотото на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Статистиката вели дека во изминативе 19 месеци од неговото седнување во градоначалничката фотелја, Жерновски во јавноста излегол да говори на 183 теми, од кои само 25 теми биле позитивни, а останатите 148 теми биле политички обвинувања и пресметки, обвинувања, или несуштински теми кои се несвојствени за еден градоначалник.

Градоначалникот на Општина Центар периодов е зафатен со трибините на СДСМ. Тој тамуговори за најавата на бомбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за мандатите на опозицијата, како и на други теми. Жерновски поголемиот дел од времето наместо за своите проекти, го посветил како градоначалник критикувајќи ги другите проекти кои не се во негова надлежност. Најголемиот дел од медиумските настапи го посветил на обвинувања за проектот Скопје 2014. Секако и најавите за ревизија, но од ревизијата, досега, не излезе ништо конкретно и опипливо.

Жерновски не ги скокна ниту медиумите. Своите говори за време на градоначалничкиот мандат ги искористи и за најава на тужби до медиумите и новинарите поради клевета. Својот мандат го користи и за протести, како и протест против притворот на Шиповиќ… Во втората половина од оваа сага времето го посвети на откривање на кртови во сопствените редови кога на прес конференција излезе и кажа дека некој во советот на Центар ќе биде издајник, мислејќи токму  на Шиповиќ.

 

Жерновски и позитивните теми

Наспроти бројката на негови излагања со негативни теми, бројката на позитивни теми е незначителна. Само 25 теми кои биле позитивни се поврзани со суштински проекти за еден градоначалник  – например фасадата на зградата „папагал”, ново паркче во општина Капиштец, отворањето на боемската улица, реконструираната фискултурна сала. Останатиот поголем дел од позитивните проекти се најави за проекти или проекти како реализиран отворен ден за граѓани, организирање на денови на македонскиот мед, најава дека Центар ќе го оживува комплексот Езерце, проект кој сѐ уште не се случил, како и тоа дека учениците во Центар ќе се вклучат во бизнисот со пластични шишиња, и дека Жерновски за време на минатогодинешното летно невреме ги посетил трите паднати електрични столба.

andrej i koce1

Настапот на скопскиот градоначалник

Жерновски од една, скопскиот градоначалник Коце Трајановски од друга страна – чисто за да се спореди пристапот и работата на еден градоначалник. Коце Трајановски во последниот мандат за 19 месеци имал 280 медиумски настапи, и сите 280 се поврзани со позитивни проекти. За политички теми говорел во незначителен број на случаи, кога имало потреба да одговори на обвинувања на опозицијата и нивни прес конференции, но и тогаш Трајановски не употребувал политички квалификации туку се држел во своето обраќање до проекти и мерки кои ги превзема градот Скопје.

Изградена нова фекална канализација во Радишани, пуштена во употреба втората фаза од булеварот „Борис Трајковски“, промоција на новите автобуски постојки,  нови кружни текови на „Втора македонска бригада“ и „Лазо Трповски“ како и почеток на градба на кружниот тек на крајот на „Партизански одреди“, пуштање на третиот дел на булеварот „Илинденска“, 47 милиони денари за реконструкција на средните училишта во 2013 година, нов парк покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, фекална канализација за Јурумлери и реконструкција на нова водоводна мрежа во Стајковци , почеток на проширување на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, завршеток на реконструирање на МКЦ, и останати проекти од инфраструктурно значење за граѓаните.

Центар за политичка реторика, Скопје за проекти за граѓаните. Оваа компарација освен тоа што говори и за тоа како работат двата градоначалници и на што го посветуваат своето време додека се избрани од граѓаните, тоа укажува и за односот меѓу власта и опозицијата. Генералната настроеност кон градење на проекти и времето кое се поминува на политички обвинувања, критики и пресметки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top