Никола Саркози е избран за претседател на опозициската партија УМП, јавува дописникот на МИА од Париз.
За поранешниот француски претседател гласаа 64,5% од членовите на партијата, другиот кандидат Бруно ле Чер освои 29,18% од гласовите и за Ерве Маритон 6,32% од гласовите.
Според податоците од УМП на партиското гласање организиарно преку интернет учествувале 68,1% од 268 341 членови на партијата кои ја платиле чланарината а 30 јуни годинава.
Никола Саркози веќе ја извршуваше оваа функција пред да биде избран за претседател на Франција во 2007 година. Во 2012 година по поразот од Франсоа Оланд најави дека ќе се повлече од политичката сцена, повлекување кое траеше само две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.