Петнаесет лица се убиени, а 14 повредени во напад изведен во кинескиот регион Синџанг, каде претежно живее муслиманско население, соопштија денеска кинеските медиуми, кои нападот го окрактеризираа како „терористички“.
Во Синџанг често избиваат нереди поради тоа што постојат големи тензии во односите меѓу кинеската заедница Хан и муслиманските Ујгури.
Властите за насилството секогаш ги обвинуваат ујгурските екстремисти, пренесува Танјуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


