Екстравагантната венчавка во едно село во кинеската провинција Хебеј, која чинела најмалку милион долари, предизвикала критики во јавноста и поради националните кампањи кои се во тек, а кои промовираат скромност и умереност, пренесува „Чајна дејли“.
Фотографиите од луксузната венчавка го обиколија Интернетот, а на нив се гледа парада на скапи автомобили, 30 „ролс-ројс фантоми“, црвени „ферари“, конвој од осум мотоцикли, неколку „бентли“.
На венчавката биле присутни неколку десетици познати личности, вклучително и една од најпопуларните кинески ТВ водителки Ли Сијанг, а приемот е одржан во луксузен хотел во кој секоја маса чинела 9.999 јуани (1.630 долари).
Младенците добивале коверти со пари во кои сумата се движела од неколку илјади јуани до повеќе од 100.000 јуани.
Таткото на младата е шеф на селскиот комитет, а младоженецот е познат бизнисмен во таа област. Токму поради луксузната венчавка се шират шпекулации во Кина дека се загрозени тековните мерки на штедење кои ги покренале централните власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
Социјалните мрежи вријат- Граѓаните до Заев: Предавник, капитулатор, лажго





