| четврток, 6 декември 2018 |

Не знаев дека сум толку убав, додека татко ми не купи БМВ

19- годишниот Мерсудин Шехалиќ од Сараево, на својот Фејсбук профил постираше фотографија од БМВ-то кое му го купил неговиот татко, а под неа напишал: „Не знаев дека сум толку убав, додека татко ми не купи ново БМВ“.
Босанските портали веднаш го контактирале Мерсудин, а тој изјавил дека девојките почнале веќе да забележуваат дека вози БМВ, па така заклучил дека е многу убаво и привлечно момче.
– „Додека возев Голф 3, ниту една девојка не гледаше во мене, а сега со новото БМВ почнаа да ми приоѓаат, да ми се смешкаат на пешачки и да флертуваат со мене“, рекол Мерсудин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top