Македонското оро „Копачка“ што автентично го негува истоимената фолклорна група од делчевското село Драмче, е запишано во
репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство, информира УНЕСКО.
Горди сме и среќни што Комитетот на УНЕСКО составен од 24 земји, на своето последно заседание во Париз донесе одлука орото Копачка да се впише во репрезентативната листа на светското нематеријално културно богатство, изјави раководителот на „Копачка“ Димитар Узунски.
Според Зенил Реџепов, кореограф на КУД „Гоце Делчев“, на чиј репертоар се игра ова автентично машко соборско оро, со одлуката на УНЕСКО е зголемена и одговорноста на сите фолклорни групи и културноуметнички друштва „Копачка“ да го презентираат и автентично да им го пренесуваат на идните генерации.
Патот на „Копачка“ до репрезентативната листа на УНЕСКО почна со апликацијата на Република Македонија преку Министерството за култура во 2011 година, заедно со штипскиот обичај „четрсе“ кој исто така е запишан во листата на нематеријалното културно наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Кога овој поп ќе поведе оро, сите се крстат и тоа со причина!(видео)
-
Македонците во Грција играат и пеат на “Слушам кај шумат шумите” (видео)
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак