Екипата на Штутгарт ја прекина серијата од три порази по ред во Бундес лигата и на гостувањето синоќа кај Фрајбург во рамките од 13.коло оствари победа од 4:1.
Гостите поведоа со голот на Мартин Харник во 31.минута, но домашната екипа изедначи во 42.минута со голот на Владимир Дарида. Штутгарт со голот на Карлос Груезо во 52.минута поведе со 2:1, Тимо Вернер зголеми во 68.минута на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Харник со својот втор гол на натпреварот. На клупата на Штутгарт седеше Хуб Стевенс, на местото на Армин Вех.
На другите дуели од 13.коло двојките се: Аугсбург – Хамбургер, Вердер – Падерборн, Херта – Баерн, Баер Леверкузен – Келн, Шалке – Мајнц, Хофенхајм – Хановер, Волфсбург – Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт – Борусија Дортмунд.
Табела: Баерн 30 бодови, Волфсбург 23, Борусија Менхенгладбах 20, Баер Леверкузен 20, Хановер 19,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.