| четврток, 6 декември 2018 |

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг

Неколку илјади продемократски активисти рано изутринава се судрија со полицијата во Хонг Конг која имаше намера да преземе дел од едно од најголемите и најжестоки места за собирање на дeмонстрантите.

После повеќечасовно затишје, дојде до хаос кога неколку стотина полицијаци почнаа да ги бркаат демонстрантите.

Најновите тензии избија додека властите веќе со месеци се обидуваат да најдат решение за најтешката криза во поранешната британска колонија откако таа е вратена во управа на Кина во 1997 година.

Демонстрантите бараат владата на Хонг Конг да се откаже од планот наметнат од комунистичките лидери на Кина, а според кој комисија составена од припадници на елитата наклонета кон Пекинг ќе ги оценува кандидатите за лидер на Хонг Конг на изборите во 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top