| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден средношколец повреден со нож

ноз

Ученик во трета година од тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ е повреден со остар предмет во тепачката која денеска околу 16 часот се случила во дворот од гимназијата каде се изведува настава на македонски јазик, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации група од надвор дошла во дворот на гимназијата и најпрво започнала расправија со дел од учениците по што започнала и тепачка помеѓу двете групи во која ученикот бил повреден со остар предмет, а повеќе други лица се здобиле со повреди од тупаници.

Повредениот бил префрлен во тетовската клиничка болница и според директорот на болницата Флорин Бесими тој имал повреда на грбот од остар предмет. Му била укажана лекарска помош и, како што рече, момчето се наоѓа надвор од животна опасност. По барање на семејството тоа било префрлено во Клиничкиот центар во Скопје.

Од полицијата информираа дека веднаш по настанот биле приведени три малолетни лица за кои се сомнева дека учествувале во тепачката и со кои се разговара за расчистување на деталите.

Во моментов трае увидот на полициските екипи во дворот на гимназијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top