| четврток, 6 декември 2018 |

Миливојевиќ: Храброст е да го направиш тоа во што веруваш

Ми­ли­во­је­виќ игра во те­а­тар и на филм, на­ста­пу­ва­ше во пр­ва­та се­зо­на на шо­у­то „Тво­е­то ли­це зву­чи поз­на­то“, се­га ра­бо­ти на квиз, а цел жи­вот мис­лел де­ка му­зи­ка­та ќе му би­де глав­но за­ни­ма­ње, а со глу­ма ќе се за­ни­ма­ва од хо­би

Срп­ски­от актер Бо­рис Ми­ли­во­је­виќ (42) ја тол­ку­ва глав­на­та уло­га во фил­мот на Дар­ко Лун­гу­лов „Спо­ме­ни­кот на Мајкл Џе­ксон“ со кој бе­ше отво­рен 13. Фе­сти­вал на европ­ски филм „Си­не­дејс“ во скоп­ско­то ки­но „Ми­ле­ни­ум“. Фил­мот свет­ска­та пре­ми­е­ра ја има­ше на 7 ју­ли на уг­лед­ни­от фе­сти­вал во Кар­ло­ви Ва­ри. Тоа е ко­про­дук­ци­ски филм во кој по­го­ле­ми­от дел од еки­па­та е од Ма­ке­до­ни­ја. Фил­мот се сни­ма­ше во Ср­би­ја и во Ма­ке­до­ни­ја, а од Ма­ке­до­ни­ја во фил­мот учес­тву­ваа и сце­но­гра­фот Kирил Спа­се­ски, сни­ма­те­лот на зву­кот Игор По­пов­ски, бум-опе­ра­то­рот Дар­ко Бо­шков­ски, до­де­ка про­ду­цент на фил­мот е Ог­нен Ан­тов. Дел од еки­па­та бе­ше во Скоп­је на пре­ми­е­ра­та, а „Ре­пуб­ли­ка“ на­пра­ви ин­терв­ју со глав­ни­от актер Ми­ли­во­је­виќ.

Ми­ли­во­је­виќ игра­ше во си­те по­важ­ни срп­ски ТВ-се­рии и фил­мо­ви: „Молњи“, „За­бо­ра­ве­ни“, „Црн бом­бар­дер“, „Па­кет-аранж­ман“, „До ко­ска“, „Уба­ви­те се­ла, уба­во го­рат“, „Ние не сме ан­ге­ли 3“, „Цр­на зми­ја 2“ и мно­гу дру­ги.

 

Го тол­ку­ва­те Мар­ко, ли­кот што е полн со ен­ту­зи­ја­зам. Мар­ко, за да го спре­чи за­ми­ну­ва­ње­то од гра­дот на љу­бо­вта на сво­јот жи­вот, кре­ва спо­ме­ник на кра­лот на по­пот, Мајкл Џе­ксон. Што е во со­стој­ба да на­пра­ви Бо­рис за љу­бо­вта?
МИЛИВОЈЕВИЌ: Мар­ко не го пра­ви тоа са­мо по­ра­ди љу­бов кон со­пру­га­та, ту­ку и за оп­што до­бро. Имам впе­ча­ток де­ка тоа оп­што до­бро за­ви­си од на­ше­то оп­што лич­но до­бро. Се­кој сам си уго­ду­ва во ед­на нај­ос­нов­на, нај­ба­зич­на, нај­по­зи­тив­на смис­ла и то­гаш ги ши­ри­ме кру­го­ви­те, од­нос­но се­бе­си си пра­ви­ме до­бро, но и на дру­ги­те око­лу нас. За љу­бо­вта чо­век е во со­стој­ба да на­пра­ви мно­гу го­ле­ми де­ла и зло­де­ла, да на­пра­ви нај­до­бри и најг­лу­па­ви ра­бо­ти. Јас сум во со­стој­ба да на­пра­вам сѐ. Ка­ко што ми­ну­ва­ат го­ди­ни­те, се­га имам 40 и по­ве­ќе, мо­же­би и не би на­пра­вил не­што што би го сто­рил на 18 го­ди­ни. Уште мис­лам де­ка љу­бо­вта е гла­вен дви­га­тел и не­што со кое се поч­ну­ва и се за­вр­шу­ва.

 

Да­ли ја са­ка­те му­зи­ка­та на Мајкл Џе­ксон. Да­ли не­ко­гаш сте шар­ми­ра­ле де­вој­ка играј­ќи на „Три­лер“?
МИЛИВОЈЕВИЌ: Ја са­кам му­зи­ка­та, се за­ни­ма­вам со му­зи­ка. До­ма се­кој сло­бо­ден мо­мент го ко­ри­стам за да на­пра­вам не­ко­ја но­ва пес­на. Што се од­не­су­ва до му­зи­ка­та на Мајкл Џе­ксон, не бев не­кој го­лем обо­жа­ва­тел на не­го­ва­та му­зи­ка, но ми се до­па­ѓаа не­кои не­го­ви пес­ни. Има­ше три-че­ти­ри хи­та. Но, тој, се­ка­ко, не би ми бил прв из­бор ко­га би кре­вал не­ко­му спо­ме­ник. Не сум шар­ми­рал ни­ту ед­на де­вој­ка на „Три­лер“. Шар­ми­рав де­вој­ки на дру­га му­зи­ка, од дру­ги гру­пи.

 

Да­ли е хра­брост да го на­пра­виш тоа во што ве­ру­ваш?
МИЛИВОЈЕВИЌ: Мис­лам де­ка е хра­бро да се ра­бо­ти тоа во кое ве­ру­ваш. Но, тоа што е мно­гу по­важ­но е да си си­гу­рен во тоа во што ве­ру­ваш де­ка е ви­стин­ско­то. Ко­га ќе се со­о­чиш со тоа, тре­ба да на­у­чиш да се слу­шаш, да си ве­ру­ваш. То­гаш ќе се тру­диш да жи­ве­еш по тие прин­ци­пи. Жи­ве­е­ме во си­стем во кој сѐ е из­ме­сте­но, си­стем што не е иде­а­лен. Жи­ве­е­ме во мо­не­та­рен си­стем, а ка­мен-те­мел­ни­кот на мо­не­тар­ни­от си­стем е ко­руп­ци­ја и ту­ка чо­век на мо­же да би­де че­сен, кол­ку и да са­ка. Јас, ка­ко и си­те лу­ѓе, пра­вам ком­про­ми­си. Се на­де­вам де­ка тоа ќе се сме­ни. По­сто­јат не­кол­ку на­чи­ни. Има лу­ѓе што има­ат моќ да го сме­нат тоа, но ве­ру­вам де­ка тие не­ма лес­но да се отка­жат од мо­ќта што ја има­ат. Јас ве­ру­вам во лу­ѓе­то. Чо­ве­кот, ако има моќ да оста­ви не­кое нас­ледс­тво зад се­бе, си­гур­но ќе са­ка да на­пра­ви не­што по што ќе го па­ме­тат лу­ѓе­то, де­ка на­пра­вил не­што до­бро за се­бе, за дру­ги­те, за де­ца­та. Не­ка­ко овој си­стем прем­но­гу нѐ оту­ѓу­ва ед­ни од дру­ги. Не е лес­но да дој­деш до се­бе, а не, пак, хра­бро да жи­ве­еш та­ка. Се пра­ват прем­но­гу ком­про­ми­си, лу­ѓе­то не се до­вол­но хра­бри, а хра­брост е да го на­пра­виш тоа во што ве­ру­ваш.

 

Boris-Milivojevic-int116-2

 

Ка­ква бе­ше со­ра­бо­тка­та на фил­мот со То­ни Ми­хај­лов­ски и со Пе­тар Мир­чев­ски?
МИЛИВОЈЕВИЌ: Фе­но­ме­нал­но бе­ше да се ра­бо­ти со Ма­ке­дон­ци­те. Тие се пре­крас­ни лу­ѓе. Ми­хај­лов­ски го поз­на­вам од по­ра­но, уште од „Ско­мра­хи“ и од мо­и­те сту­дент­ски де­но­ви. Го гле­дав во не­кол­ку прет­ста­ви и мис­лам де­ка е иск­лу­чи­те­лен актер. Мир­чев­ски го за­поз­нав на сни­ма­ње­то на фил­мот. Скро­мен, пре­кра­сен чо­век.

 

Што Ви е по­дра­го, да глу­ми­те на филм или да игра­те во те­а­тар­ска прет­ста­ва?
МИЛИВОЈЕВИЌ: Ста­ну­ва збор за две раз­лич­ни ра­бо­ти. Те­а­та­рот е по­те­жок за ра­бо­та. Тре­ба два ча­са да би­деш кон­цен­три­ран, да ја „из­не­сеш“ уло­га­та во еден здив, да имаш до­вол­но фи­зич­ки си­ла и пси­хич­ки да си под­го­твен. Тоа не е лес­но. На фил­мот се кон­цен­три­раш на по­ма­ло пар­че. Те­а­та­рот и фил­мот се два со­се­ма раз­лич­ни ме­ди­у­ма. Сла­бо по­се­ту­вам те­а­тар. Ако се пра­шу­вам јас, би ги исфр­лил сто­ло­ви­те од те­а­тар и то­гаш лу­ѓе­то би до­а­ѓа­ле да гле­да­ат не­што што, на­ви­сти­на, ба­ра вни­ма­ние, не­што што зас­лу­жу­ва да би­де гле­да­но. Тоа што му не­до­сти­га на те­а­та­рот е тоа што има прем­но­гу се­де­ње, гле­да­ње, ап­ла­у­ди­ра­ње, се­то тоа ми е сте­рил­но. Се­ка­ко, по­сто­јат прет­ста­ви што се та­кви, и та­кви тре­ба да би­дат. Со­стој­ба­та со фил­мот не е ни­што по­до­бра.

 

Зо­што по­бег­на­вте на се­ло?
МИЛИВОЈЕВИЌ: Јас не по­бег­нав на се­ло. Во жи­во­тот сум бе­гал са­мо од ку­че, да не ме кас­не. Не знам од ка­де ова пра­ша­ње. Сум го чул не­кол­ку па­ти ова, но јас не по­бег­нав на се­ло, ту­ку му одев в пре­срет не­кол­ку па­ти.

 

Пре­ми­е­ра­та на фил­мот во Бел­град по­ми­на од­лич­но. Што оче­ку­ва­те од фил­мот?
МИЛИВОЈЕВИЌ: Фил­мот до­бро по­ми­на во све­тот, на фе­сти­ва­ли­те ка­де што бе­ше еми­ту­ван. Не знам кол­ку лу­ѓе ќе го ви­дат во ки­но­са­ли­те. Се на­де­вам де­ка го­лем број лу­ѓе ќе го ви­дат фил­мот би­деј­ќи тој го­во­ри за мно­гу важ­ни ра­бо­ти во на­ши­от жи­вот. Тој е еден вид ре­цепт за тоа ка­ко би тре­ба­ло да се ме­ну­ва­ат не­кои ра­бо­ти и ка­ко тре­ба да ве­ру­ваш во се­бе, во љу­бов и да не гу­биш на­деж.

 

Де­нес сте еден од нај­ан­га­жи­ра­ни­те акте­ри во Ср­би­ја. Има ли не­што што сте про­пу­шти­ле во жи­во­тот, не­што што би са­ка­ле да на­до­ме­сти­те?
МИЛИВОЈЕВИЌ: Се слу­чу­ва и по ед­на-две го­ди­ни да не ра­бо­там ни­што. Имам две те­а­тар­ски прет­ста­ви, овој филм го ра­бо­тев пред по­ве­ќе од две го­ди­ни, се­га ра­бо­там на квиз, играв во шо­у­то „Тво­е­то ли­це зву­чи поз­на­то“. Цел жи­вот мис­лев де­ка му­зи­ка­та ќе ми би­де глав­но за­ни­ма­ње, а со глу­ма ќе се за­ни­ма­вам од хо­би. Не ми бе­ше ин­те­рес­но да сви­рам кла­сич­на му­зи­ка, са­кав ро­ке­нрол. Ни­ко­гаш не се отка­жав од му­зи­ка­та и ту­ка са­кам да се оби­дам.

 

Да­ли уште мис­ли­те де­ка бра­кот е при­каз­на од не­кои ми­на­ти вре­ми­ња?
МИЛИВОЈЕВИЌ: Не мо­ра чо­ве­к да ста­ви пот­пис, да се кол­не де­ка ќе са­ка не­ко­го цел жи­вот би­деј­ќи не­ма да го са­ка. А ко­га не­ма да го на­пра­ви тоа, ако не пот­пи­ше, то­гаш има шан­си да са­ка не­ко­го цел жи­вот. Јас мис­лам де­ка ко­га не­ко­го са­каш, го са­каш се­ко­гаш, со по­го­ле­мо или по­ма­ло лу­ди­ло. Ако чув­ству­ва­ме по­тре­ба да би­де­ме со не­ко­го, не­ма по­тре­ба не­што да пот­пи­шу­ва­ме. Хар­ти­ја­та не­ма да го сме­ни тоа. Поз­на­вам мно­гу двој­ки што се за­ед­но цел жи­вот, има­ат де­ца, а ни­ко­гаш ни­што не пот­пи­ша­ле. Ако има не­ка­ква при­ви­ле­ги­ја или ко­рист од тоа што се пот­пи­шу­ва таа хар­ти­ја, мис­лам де­ка са­мо то­гаш тре­ба да се на­пра­ви. Мис­лам де­ка пот­пи­сот не по­ма­га во љу­бо­вта.

 

Разговараше: Александра М. Бундалевска
(Интервјуто со Борис Миливојевиќ е објавено во 116. број на неделникот Република, 21.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top