| четврток, 6 декември 2018 |

Нови експонати во Музејот за тутун во Прилеп

muzej3Збирката во прилепскиот музеј за тутун, единствен на Балканот, е збогатена со нови, вредни експонати, откупени од приватни колекционери од Германија и од Македонија, со поддршка од Министерството за култура.
Морнарско етуи за џвакање тутун, кутија за цигари, катер за цигари во длабока резба, изработен од коска од африкански орикс и многу други вредни пронајдоци што говорат за историјата на употребата на тутунот се наоѓаат во витрините на музејот.Музеј за тутунЕкспонатите од Германија, вели Александар Цветкоски, висок кустос од Музејот, се многу вредни и квалитетни.

– Од Германија откупивме 163 експонати, а најстариот е морнарско етуи за тутун за џвакање од 18 век. Со највисока документаристичка вредност е кутијата за цигари „Тур-Мак“ на турско-македонскиот концерн за цигари од 30-тите години на 20 век. Парично највредни експонати се катер од коска од орикс со длабока резба, кинеското водно луле за опиум од сребро, чибуци во бидермаер-стил, женска табакера со пудриера и кармин, седефна табакера. Од Македонија набавивме 63 експонати. Највредниот е кутијата за цигари од Диме Банк од 1878 година – вели Цветкоски.

Сега Музејот го красат околу 4.000 предмети, кои се нем сведок за некои многу интересни времиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top