| четврток, 6 декември 2018 |

Маршаловиот план на Кина

Пла­нот на Ки­на за го­ле­ми ин­ве­сти­ции по Но­ви­от пат на сви­ла­та и По­мор­ски­от пат на сви­ла­та е обид за дип­ло­мат­ско вли­ја­ние

Во 2013 го­ди­на ки­не­ски­от пре­тсе­да­тел Си Ѓин­пинг ги нај­а­ви пла­но­ви­те за две ма­сив­ни тр­гов­ски и ин­фра­стру­ктур­ни мре­жи што ја по­вр­зу­ва­ат Источ­на Ази­ја со Евро­па, Но­ви­от пат на сви­ла­та (исто та­ка, поз­нат ка­ко Еко­ном­ски по­јас по па­тот на сви­ла­та) и По­мор­ски­от пат на сви­ла­та. По ед­на го­ди­на, овие ини­ци­ја­ти­ви бр­зо ста­ну­ва­ат ре­ал­ност ка­ко што Пе­кинг по­ка­жу­ва де­ка е под­го­твен од збо­ро­ви да пре­ми­не на де­ла.

Свет­ски поз­на­ти­от биз­нис-пор­тал „Блум­берг“, по­ви­ку­вај­ќи се на ки­не­ски вла­ди­ни прет­став­ни­ци, из­ве­сту­ва де­ка Ки­на пла­ни­ра да соз­да­де фонд од 16,3 ми­ли­јар­ди до­ла­ри за из­град­ба и за про­ши­ру­ва­ње же­лез­нич­ки пру­ги, па­ти­шта и це­вко­во­ди во ки­не­ски­те про­вин­ции, кои се дел од пла­ни­ра­ни­от Еко­ном­ски по­јас по па­тот на сви­ла­та. Ма­сив­ни­те ин­ве­сти­ции ќе по­мог­нат во за­си­лу­ва­ње­то на еко­ном­ски­от раз­вој на по­си­ро­маш­ни­те об­ла­сти во вна­треш­но­ста на Ки­на, што е глав­на цел на Еко­ном­ски­от по­јас по па­тот на сви­ла­та.

Во ме­ѓу­вре­ме, Пе­кинг, исто та­ка, пла­ни­ра да про­мо­ви­ра по­ли­ти­ка што ќе ги охра­бри ки­не­ски­те бан­ки да им да­дат па­ри на за­ем на дру­ги­те зем­ји по дол­жи­на­та на пла­ни­ра­ни­от пат. А, тоа е во при­лог кон средс­тва­та за фи­нан­си­ра­ње во ин­фра­стру­кту­ра­та што Ки­на им ги ве­ти на парт­не­ри­те од Па­тот на сви­ла­та – 1,4 ми­ли­јар­да до­ла­ри за раз­вој на ин­фра­стру­кту­ра­та на при­ста­ни­ште­то во Шри Лан­ка, 50 ми­ли­јар­ди до­ла­ри за ин­фра­стру­ктур­ни и енер­гет­ски до­го­во­ри во Цен­трал­на Ази­ја, 327 ми­ли­о­ни до­ла­ри за по­мош на Авга­ни­стан, вклу­чу­вај­ќи и из­град­ба на же­лез­нич­ки пру­ги, па­ти­шта, еле­ктро­е­нер­гет­ски об­је­кти, пи­шу­ва ки­не­ски­от вес­ник „Чај­на деј­ли“. Со фор­ми­ра­ње­то на Ази­ска­та бан­ка за ин­ве­сти­ции во ин­фра­стру­кту­ра­та, се оче­ку­ва уште по­го­лем при­лив на средс­тва за по­до­бру­ва­ње на ин­фра­стру­кту­ра­та во ре­ги­о­нот. Спо­ред про­це­ни­те на вес­ни­кот „Вајт чај­на тајмс“, вкуп­на­та вред­ност на Еко­ном­ски­от по­јас по па­тот на сви­ла­та, ќе до­стиг­не астро­ном­ска су­ма од 21,1 три­ли­о­ни до­ла­ри.

Svet116-2

Ки­не­ска­та др­жав­на но­вин­ска аген­ци­ја „Син­хуа“ не­о­дам­на об­ја­ви ажу­ри­ра­на, ин­те­ра­ктив­на ма­па на ко­ја се прет­ста­ве­ни два­та про­е­кта на Па­тот на сви­ла­та. Спо­ред­ба­та со прет­ход­на­та вер­зи­ја на ма­па­та на „Син­хуа“ откри­ва го­лем број но­ви ста­ни­ци што би­ле до­да­де­ни во из­ми­на­ти­те шест ме­се­ци, ме­ѓу кои и Мос­ква во Ру­си­ја, Ду­шан­бе во Та­џи­ки­стан, Џа­кар­та во Ин­до­не­зи­ја и Ко­лом­бо во Шри Лан­ка. Пе­кинг сѐ уште ја про­ши­ру­ва сво­ја­та ли­ста на по­тен­ци­јал­ни парт­не­ри. За вре­ме на не­го­ва­та не­о­дам­неш­на по­се­та на Ки­на, авга­ни­стан­ски­от пре­тсе­да­тел Ашраф Га­ни ука­жа на жел­ба­та на не­го­ва­та зем­ја да би­де дел од про­е­ктот.

Во по­ве­ќе­то слу­чаи, Па­тот на сви­ла­та лес­но се про­да­ва. Ре­ги­о­нал­ни­те парт­не­ри (осо­бе­но по­ма­ли­те и че­сто за­не­ма­ре­ни зем­ји ка­ко Мал­ди­ви) се жел­ни да до­би­јат ки­не­ска по­мош за из­град­ба на ин­фра­стру­кту­ра, ко­ја е од су­штин­ско зна­че­ње за нив­ни­от на­род. Ка­ко што порт­па­ро­лот на ки­не­ско­то Ми­ни­стерс­тво за над­во­реш­ни ра­бо­ти, Хунг Леи, на ед­на не­о­дам­неш­на кон­фе­рен­ци­ја за пе­чат из­ја­ви де­ка се по­треб­ни се функ­ци­о­нал­ни па­ти­шта за ед­но ме­сто да мо­же да се збо­га­ти. Ки­на, мо­же­би, е единс­тве­ни­от под­го­твен из­вор на ме­ѓу­на­род­на по­мош во по­мал­ку поз­на­ти­те зем­ји. И во зем­ји што има­ат не­кол­ку го­ле­ми моќ­ни­ци што се бо­рат за сво­и­те ин­те­ре­си (др­жа­ви­те во Цен­трал­на Ази­ја, др­жа­ви­те во Ин­ди­ски Оке­ан, осо­бе­но др­жа­ви­те во Источ­на Евро­па), да­реж­ли­во­ста на Ки­на мо­же да пре­диз­ви­ка еден вид „тен­дер­ска вој­на“, ко­ја ќе ги охра­бри ри­ва­ли­те на Ки­на да поч­нат да фи­нан­си­ра­ат и да прив­ле­ку­ва­ат дип­ло­мат­ско вни­ма­ние со по­стап­ки што во дру­ги окол­но­сти не би ги на­пра­ви­ле.

За Ки­на, Еко­ном­ски­от по­јас по па­тот на сви­ла­та и По­мор­ски­от пат на сви­ла­та прет­ста­ву­ва­ат мож­ност за про­ши­ру­ва­ње на ки­нескoто вли­ја­ние, но и откри­ва­ње на по­ме­ка­та стра­на на Пе­кинг. Нив­на­та ре­а­ли­за­ци­ја ќе ја зго­ле­ми тр­гов­ска­та раз­ме­на на Ки­на со це­ли­от евро­а­зи­ски кон­ти­нент. Во исто вре­ме, би­деј­ќи Пе­кинг ја пла­ќа сме­тка­та за раз­во­јот на не­оп­ход­на­та ин­фра­стру­кту­ра, огром­на­та тр­гов­ска­та мре­жа ќе го зго­ле­ми бро­јот на ре­ги­о­нал­ни вла­ди што ќе ја гле­да­ат Ки­на ка­ко по­кро­ви­тел и до­бро­твор, а не ка­ко за­ка­на. Тоа ќе би­де двој­на до­би­вка – зго­ле­му­вај­ќи го сво­е­то вли­ја­ние во ре­ги­о­нот, Ки­на ќе соз­да­де и по­у­ба­ва сли­ка за се­бе.

Еко­ном­ска­та моќ на Ки­на e во по­дем. Пе­кинг при­род­но се оби­ду­ва да ги иско­ри­сти пред­но­сти­те на сво­ја­та по­вол­на фи­нан­си­ска со­стој­ба за да го зго­ле­ми вли­ја­ни­е­то на над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка. Не е слу­чај­но тоа што не­кои ги спо­ре­ду­ва­ат Еко­ном­ски­от по­јас по па­тот на сви­ла­та и По­мор­ски­от пат на сви­ла­та на Ки­на со Мар­ша­ло­ви­от план до­не­сен од стра­на на САД по Вто­ра­та свет­ска вој­на. Во две­те си­ту­а­ции, рас­теч­ка гло­бал­на моќ са­ка да ги иско­ри­сти сво­и­те еко­ном­ски­те пред­но­сти за да ги ос­тва­ри це­ли­те на над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка (вклу­чу­вај­ќи ја ос­нов­на­та цел за одр­жу­ва­ње на сво­ја­та до­маш­на еко­но­ми­ја). Мар­ша­ло­ви­от план го по­мог­на ос­но­ва­ње­то на САД ка­ко се­ри­оз­на ве­ле­си­ла, а Пе­кинг се об­ло­жу­ва де­ка не­го­ви­те Па­ти­шта на сви­ла­та мо­жат да го на­пра­ват исто­то.

Извори: „Дип­ло­мат“
Превод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top