| четврток, 6 декември 2018 |

Вин Дизел гол со леопард

leopardСнимањето за насловната страница на магазинот „Престиж“ дефинитивно е меѓу најлудите работи кои некогаш сум ги направил, напишал Вин Дизел (45) на својот профил на „Фејсбук“.

Актерот покажа дека и денес е вистински магнет за жени. Позираше гол, така што му се гледа секој мускул од горниот дел на телото. Освен што го покажа своето торзо, Дизел позираше со леопард, кој го држеше на синџир.

– Во еден момент, таа мачка се истргна од синџирот и побегна. Дури четворица тренери ја ловеа и дури тогаш мирно седна покрај мене. Не ми беше сеедно – напишал актерот на социјалната мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top