| четврток, 6 декември 2018 |

Карго превозот во третиот квартал пораснал за 96,4 отсто

карго

 За 96,4 отсто е зголемено количеството на превезена стока во воздухопловниот превоз во третиот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Кај железничкиот превоз има зголемување на превезената стока за 21,3 проценти, а во товарниот патен превоз за 13,2 проценти.

 Во третото тримесечје од годинава, во патниот  патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.929.000, во железничкиот 208.000, во градско-приградскиот 19.669.000, а во воздухопловниот превоз 428.284 патници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top