Четири смртни случаи од вакцина против грип се регистрирани во Италија. Починатите се возрасни луѓе, двајца од Сицилија, еден од област Молизе и еден од Тоскана. Смртта настапила 48 часа по вакцинирањето.
Италијанската агенција за лекови, превентивно блокирала две од серијата вакцини „флуад“ на фирмата „Новартис“ и навремено ги информирала граѓаните да не ги користат овие вакцини.
Директорот на Агенцијата за лекови, Лука Пани, објаснил дека тоа што се случило не е резултат на грешка во производството, туку случајно совпаѓање. Поради тоа, вакцината не е одземена и е предмет на анализа.
Тие не биле продавани во аптеки, туку биле достапни на јавниот здравствен систем за дистрибуција и на располагање на матичните лекари.
Вакцината „флуад“ е појачана варијанта на други две вакцини против грип. Се користи веќе 10 години, без да се појават некакви аномалии. Се препорачуваат на луѓе над 65 години, со покревко здравје.
По она што се случи, сепак во Сицилија и во Молизе здравствените власти во областа Лигурија и во градот Кампобасо привремено ја прекинаа вакцинација со овој лек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.