| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата „Климент Охридски“ за Шериф, Стојковски и академик Грозданов

cvetan grozdanov

Академик Цветан Грозданов

Историчарот Амет Шериф, ректорот на скопскиот Универзитет Велимир Стојковски и академикот Цветан Грозданов се годинешните добитници на државната награда „Св.Климент Охридски“, соопшти Министерството за култура.

Државната награда „Св.Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Историчарот проф. д-р Амет Шериф и проф. д-р Стојковски, биохемичар наградата ја добиваат во областа на воспитанието и образованието, а академик Грозданов, историчар на средновековна уметност во областа на културата и уметноста.

Наградата на добитниците ќе биде врачена на 8 декември 2014 година (понеделник ) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top