Во ноември се одбележа 25-та годишнина од падот на Берлинскиот ѕид. Една од тотемските структури од Студената војна беше урната. Но конфликтот помеѓу САД и Русија повторно се вжештува, па дали е на повидок нова Студена војна? Што е уште поважно, дали Студена војна 2.0 ќе заврши исто како и првата, со победа на САД?
Се има чувство конфликтот штотуку започна. САД и Русија се натегаат околу Украина, а се започна со превратот спонзориран од САД против демократски избраната украинска влада во февруари. Истовремено, САД работат на отфрлање на сојузниците на Русија во Сирија и во Иран. Конфликтот преку ваквите наметнаи војни беше една од обележјата на првата Студена војна – сетете се на Куба, Кореја, Никарагва и Виетнам. Тоа беше причината што Студената војна беше „студена“. Протагностите никогаш директно не се судрија.
Но Студената војна 2.0 не ги ангажира САД само против Русија, туку и против Кина. И исходот од 2.0 може да биде сосема поинаков отколку со 1.0. Ова може да ја сопре САД пред конфликтот понатаму да ескалира.
САД се денес понеопасна сила отколку кога започна Студената војна по крајот на Втората светска војна. Таа беше единствената голема сила во таа војна која не беше разнебитена од битките. Всушност, нејзината економија беше зајакната, стравично моќна. И нејзините економски и културни системи беа исто така зајакнати. Во сета историја на светот никогаш немало толкава голема асиметрија на моќ помеѓу една држава и остатокот од светот, како што беше за време на почетокот на првата Студена војна.
Денес нештата се драматично различни. Други држави ја достигнаа, па дури и ги надминаа САД во економската моќ. Минатиот месец, економијата на Кина стана најголема во светот во смисол на односот производство-потрошувачка. Токму Кина и позајмува на САД стотици милијарди долари годишно кои се потребни за да го финаисира својот буџетски и трговски дефицит. Таа поседува околу три трилиони долари во американски обврзници од овие позајмици. Да тргнете во војна со вашиот банкар можеби и не е најмудрата идеја.
Релативната воена моќ на САД исто така драматично се намали. На крајот на Втората светска војна, САД беа најдобро екипираната армија и најголемата поморска и водушна сила во светот. Таа поседуваше монопол врз нуклеарното оружје. Но оттогаш не успеа да победи во ниедна во последните четири големи војни, ниту во Кореја, ниту во Виетнам, ни во Авганистан, или пак во Ирак. САД очигледно можат да униптат слаби држави, на пример Ирак или Либија, но ако не може да го порази Авганистан, дали навистина сака да започне војна со Русија или со Кина?
Уште еден факт ја покажува слабоста на САД во Стдената војна 2.0, сега кога не се соочува само со еден, туку со два големи непријатели. На почетокот на 60-ите, Советскиот сојуз и Кина не беа многу блиски. Никсон во 1962 ја посети Кина за да ја искористи таа поделба, со што и овозможи на САД конечно да ги порази советите.
Денес, благодарение на САД, Русија и Кина се сојузници. Американските санкции против Русија околу Украина ја приближија Русија кон Кина. А стратегијата на САД „да предводи во Азија“ како спротивставување, ја доведе Кина во прегратката ан Русија. Поотрезнувачки е тоа што секоја од нив создаде далеку попотентни економски системи отколку што двете имаа во Студената војна 1.0.
Русија ја загуби првата Студена војна затоа што комунизмот не само што ги забрануваше индивидуалните слободи, туку и не понуди никаква иницијатива за ефикасност или иновации. Сега Русија самата создаде своја верзија на капитализмот. Истото е случај и со Кина. Таа го напушти комунизмот во 1979, со реформите на Денг Ксијаопинг и сега управува со најуспешниот неолиберален капитализам во светот. Резултатите се огромни, дури и восхитувачки.
Додека просечниот приход на мажите прилагоден на инфлацијата во САД е понизок денес отколку што беше во 1974 година, просечниот проход на кинезите за истиот период порасна дури за десет пати. Повознемирувачки е тоа што во 2008, САД доживеа најголем економски колапс по Големата депресија, воглавно благодарение на предаторските измами на нејзните најголеми банки. Се извлече благодарение на заемите од Кина и со кинеската агресивна фискална политика со која ја премости глобалната побарувачка.
По колапсот, американската економија оживеа само заради валканите трикови со вештачкото печатење пари – програмата за Квантитативно олеснување на Федералните резерви. Она што е повознемирувачко под маската на „штедење“е што елитите во САД нема да дозволат државата дури ни да ја обнови својата изнемоштена инфраструктура, која е рангирана со „д“ – од Американското здружение на цивилни инженери. Ова и покрај фактот што владата на САД може да позајми пари со барем два проценти камата, тоа е далеку помалку отколку повратот од таквите инвестиции. Сите тие пари мора да се резервираат за намалување на даноците за богатството и за отплаќање на камати од националниот долг, кој го држат токму истите богаташи.
И американските корпорации не можат доволно брзо да ги преместат своите бизниси во Кина за да стигнат до недогледниот извор на ефтина работна сила. Единствени губитници се американските работници, нејзните граѓани. Американските корпорации влегуваат на најголемиот пазар на светот за автомобили, мобилни телефони, машини за перење, телевизори, и скоро секоја друга категорија на индустриски и потрошувачки добра. Повеќе од 40 проценти од трговските дефицити на САД со Кина доаѓаат од префрлањето на производите на американските корпорации кон американски производи кои некогаш се произведуваа во САД, а сега во Кина.
Со други зборови, кинеската екномија е и вибрантна и кохерентна; таа работи за своите луѓе, а институциите работат за земјата. Американската економија е стагнантна и некохерентна; таа работи само за елитите, додека средната класа исчезнува, а работничката класа се тетерави од сиромаштија. Најголемите институции во САД – те. корпорациите – работат само за себе и за своите богати сопственици, а не за земјата или за својот народ.
Ова е причината што владата на САД ги шпионира сите свои граѓани, ги укина социјалните повластици, ги опструира новинарите, ги казнува издавачите на тајни, и тргна да го прогласува за криминал јавното незадоволство. Не затоа што се плаши од терористи. Всушност, се плашпи од своите граѓани, од денот кога социјалниот ред повеќе нема да може да се контролира заради економскиот колапс. Затоа што воената моќ е целосно базирана на економската моќ, и затоа што економската моќ зависи од виталноста на економијата и од кохерентноста на општеството, ова не е добра ситуација додека САД оди кон Студена војна 2.0.
На крајот, САД се денес повредливи на начин што никогаш не постоеше за време на Студената војна 1.0. Доларот е валута која се користи за повеќето меѓународни транскации, посебно за нафтата. Државите кои мора да купуваат нафта, мора да го прифатат доларот. Затоа што нафтата учествува во голем дел од меѓународната трговија отколку која било друга акцизна стока, што и овозможува на САД да плаќа за своите дефицити едноставно со печатење пари. Но ова „ексклузивна првилегија“ (како што е позната) е сега под закана.
И Русија и Кина тргнаа да ги сменат доларските стандарди за САД да не може да ги финансира своите војни со едноставно печатење пари. Нив во оваа трка им се придружија неколку други земји кои произведуваат нафта: Ирак, Иран, Либија и Венецуела. Ова е мерка која е сериозна закана за САД затоа што сите овие земји биле нападнат од САД кога би најавиле дека повеќе нема да го примаат доларот за нивната нафта.
Ако доларот пропадне како меѓународна валута за резерви, на другите земји нема да им треба доларот за да купуваат нафта. Побарувачката за доларот ќе опадне, а со тоа и вредноста на доларот. Инфлацијата во САД ќе скокне. Каматните стапки ќе летнат до небо додеа инвеститорите бараат поврат над и преку стапката на инфалција. И инвестициите ќе секнат. И се повеќе од американското производство ќе оди за сервисирање на огромните долгови. Економијата на САД повторно ќе имплодира. Нејзиното место на сила во светот ќе се урне, најверојатно неповратно.
Триумфализмот е стабилна полемична кочница во САД, иако тоа се повеќе се гледа како фантазија. На пример, земете ги истите новоконзервативците во САД кој доведоа до војна со Ирак, и кон сега ја предводат истата навивачка реторика за нова Студена војна. Удирањето во гради заради падот на Берлинскиот ѕид и восклиците за влегување во нова Студена војна се знак за ароганција, игноранција и пораз. Вистина е дека таквата војна ќе биде силна орака за производителите на оружје и за банкарите кои ги финаисираат новоконзервативците, кои контролираат огромен дел од американската политика. Но тоа ќе го разнебити останатиот дел од општеството.
САД имаат огромна задача да ја стават својата куќа во ред. Претпазливоста препорачува да се тргнат настрана од било каква идна ескалација на Студената војна 2.0, и да почнат со обновата на својот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



