Поранешниот италијански селектор Чезаре Прандели доби отказ и не е веќе тренер во Галатасарај, а турските медиуми известуваат дека на заминување е и македонски0т интернационалец Горан Пандев.
Прандели беше именуван на жешката клупа на турскиот гигант летово, но немаше успеси и мораше да замине. Галатасарај реди порази и е во лоша позиција и во домашното првенство и во Лигата на шампионите.
Во комплетното сивило се вклопи и Пандев, играч што има европска и светска клупска титула со Интер, но во Истанбул не се снајде најдобро. За него заинтересиран е калчолигашот Торино, а ако се врати во Италија кај популарните „бикови“ тоа ќе му биде шести клуб во Италија по Специја, Анкона, Лацио, Интер и Наполи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



