Напаѓачот на Бастија, Бразилецот Брандао (34) е осуден на еден месец затвор поради тоа што го нападна Тиаго Мота по мечот со ПСЖ.
Брандао во тунелот го удри Мота со глава по носот, по што побегна. Покрај ова, Брандао е осуден и со парична казна од 20.000 евра.
Иако Брандао е осуден на затворска казна, француските медиуми претпоставуваат дека затворската казна може да биде преиначена во општествено корисна работа.
Бразилецот и претходно во Франција имаше проблеми со однесувањето. Минатата сезона беше суспендиран на три меча бидејќи со лакт го удри играчот на ПСЖ, Јохан Кабаје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


