Еден од најдобрите фудбалери во светот Пеле, кој од неодамна се наоѓа во болница, ги демантираше пишувањата на светските медиуми дека тој се наоѓа на интензивна нега.
– Сакам да ви кажам дека се чувствувам добро. Не бев на интензивна нега, туку само престојував во посебна соба поради приватност – изјави Пеле.
– Драго ми е поради вашата љубов и подршка, мојата состојба не е сериозна. Очекувам празниците што доаѓаат да ги поминам со мојата фамилија, а Новата година да ја почнам со здрав живот. Ви благодарам на сите – додаде Пеле.
Пеле во понеделникот беше префрлен во болница поради инфекција, само две недели по операцијата поради камен во бубрег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


