Додека Хилари Клинтон не влезе во претседателската трка Американците што сакаат да ја слушнат ќе мораат „дебело“ да го платат тоа задоволство. Додека не почне кампањата, кога говорите ќе ѝ бидат бесплатни, секое обраќање на поранешната државна секретарка на САД чини најмалку 300.000 долари. Тоа е сума што ја барала Клинтон и ја добила, за да одржи говор на Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес во март годинава. Претставници на унивезитетот се обиделе да ја обезбедат веднаш откако ја напуштила функцијата во Стејт департметот во февруари 2013 година, барајќи притоа попуст за говорите на државниот универзитет. Од нејзиниот тим добиле одговор дека 300.000 долари е веќе специјална универзитетска тарифа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


