Продолжуваме со облачно време во петок, но без врнежи. Петок ќе биде типичен тмурен доцна есенски ден. Повремени сончеви периоди се можни, но ќе бидат релативно ретки и со поголема веројатност за појава во источниот регион.
Максималната температура, ќе биде за нијанса „повисока“ од четврток и ќе има вредност околу 8°С во поголем дел од котлините во северниот крај на земјава. Во јужната половина од земјата температурата ќе достигне вредност околу 10°С.
Во скопската котлина се очекува облачно време во текот на целиот ден без некои особени шанси за повремени сончеви периоди. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 9°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


