
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска ќе учествува на работен појадок со постојаните претставници – амбасадори на земјите-членки на Унијата во Брисел, на кој ќе учествуваат и високи претставници на Европската комисија и Европската служба за надворешни работи.
Како што соопшти МНР, на средбата ќе се разменат мислења за перспективите на Република Македонија за почеток на пристапни преговори и за начините за нивно ефектуирање на претстојните состаноци на Советот за општи работи на ЕУ и Европскиот совет во декември.
Во работните групи на Советот на ЕУ, каде членуваат претставници на земјите-членки, отпочнат е процесот на усогласување на заклучоците на Советот по препораките од овогодишните извештаи на Европската комисија за напредокот во процесот на пристапување на земјите-кандидати и потенцијални кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


