| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон се однесува како размазена рок ѕвезда

hilari klinton

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон се однесува како рок-ѕвезда, условувајќи ги своите предавања со специфични барања, објави „Вашингтон пост“.

Клинтон која веќе се споменува како демократски кандидат за претседател на изборите во 2016 година, за предавањето што минатиот март го имала на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес не само што барала туку и добила 240.000 долари и поставила детално наведени барања.

Од мејловите на нејзиниот штаб и универзитетот до кои дошле од весникот, се вели дека 67-годишната политичарка инсистирала да и се обезбеди компјутер и скенер, а од храна – хумус, морски плодови, сецкано овошје и Канада драј без шеќер. И, сето тоа за половина час говор, наведува „Вашингтон пост“ споредувајќи ја Хилари Клинтон со каприциозна холивудска ѕвезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top