Македонското оро „Копачка“ од делчевското село Драмче, е впишано во репрезентативната листа за заштита на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО. Вака одлучи комитетот кој е составен од 24 земји од светот, во рамките на деветтата сесија која до утре се одржува во Париз.
Во главниот град на Франција присуствува македонска делегација составена од Лидија Топузовска од Управата за заштита на културното наследство и генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО и етномузиколозите Ивона Опетческа-Татарчевска и Велика Стојкова-Серафимовска.
„Копачка“ е изворно, машко соборско оро со трудов карактер. Има четири основни ритмики и играчки целини – „Шетаница“, „Ситно“, „Префрлачка“ и „Копачка“, кои на знак на ороводецот се менуваат и се повторуваат. По карактер е брзо и темпераментно. „Копачка“ е оро што го доловува обработувањето на земјата, копањето и риењето.
Карактеристично за ова оро е играњето на цело стопало, специфично за овој регион од Македонија.
Нашата земја уште во 2011 година аплицираше со ова оро во УНЕСКО, заедно со пеењето „Гласоечко“ од Долни Полог и обичајот „Четр’се“ од Штип, кое лани влезе на оваа престижна листа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО