Европската унија може да го преживее евентуалното излегување на Велика Британија, но нема да преживее без Франција, изјави денеска претседателот во заминување на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.
Ван Ромпуј, на кого од 1 декември му завршува мандатот, во интервју за лондонски „Дејли мејл“ изјави дека ЕУ „би била повредена, но ќе преживее“ доколку Велика Британија на референдум во 2017 година одлучи да излезе од унијата.
– Без Франција, ЕУ сепак би била мртва, порача белгискиот политичар, кој остро го критикува британскиот премиер Дејвид Камерон поради заканите дека ќе се заложи за излез од Унијата доколку на Велика Британија не и биде дозволено да го ограничи бројот на доселеници од други европски земји.
Слободата на движење е фундаментален принцип и за тоа нема преговори, изјави Ван Ромпуј, додавајќи дека овој проблем ќе претставува голем предизвик за неговиот наследник, полскиот политичар Донад Туск.
Лондон најави дека Камеон за неколку дена ќе одржи говор, во кој ќе ги изнесе британските услови за останување во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.