| четврток, 6 декември 2018 |

Индустриското производство во октомври пораснало за 7,5 отсто

индустрија

Индустриското производство во периодот јануари – октомври годинава, во однос на овој период лани, е зголемено за 5,1 отсто. Во октомври годинава, споредено со октомрви минатата година, индустриското производство е со пораст од 7,5 проценти, објави денеска Државниот завод за  статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во октомври  годинава во однос на октомври минатата година бележи опаѓање од 4,2 проценти,  во „преработувачката индустрија“ има пораст од 7,9 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ зголемување за 21,3 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, има пораст кај „енергија“ за 16,9 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 2 проценти, „капитални производи“ за 49 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 2,7 проценти. Опаѓање статистиката евидентира кај „трајни производи за широка потрошувачка за 19,6 проценти“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top